Loading Video...
Фудбал
9. August 2018 - 10:43

ЛШ: Два пенали и пресудија на Шкендија

Фудбалерите на Шкендија се пред елиминација од Лигата на шампионите откако се поразени во Салцбург со убедливи 3-0 во рамките на 3. квалификациско коло.
Македонскиот шампион ја немаше потребната сигурност во одбраната и потклекна пред австрискиот тим кој знаеше да ги казни грешките на противникот, пред се непотребните фаули во првото полувреме кои донесоа пенал и слободен удар за домаќинот.
Тотре непотребно фаулираше во 16м а Дабур успеа да го реализира ударот од белата точка за водство на домаќините.
Во финишот од првиот дел по досудениот слободен удар за Салцбург Јонузузовиќ силно биеше и повторно Дабур бие со глава за водство од 2-0.
Третиот погодок од пенал по прекршокот на Бејтулаи го реализираше Самасеку.
Шкендија играше доста отворено но не ги реализира своите шанси преку Жуниор и Бејтулаи.
Реваншот е за 7 дена во Скопје.