Loading Video...
Ракомет
31. May 2019 - 17:29

ЛШ: Доминација на РК Вардар во Ол-стар тимот

Европската ракометна федерација во пресрет на завршниот турнир од Лигата на шампионите во ракомет што се игра викендов во Келн не штеди комплименти но и признанија за ракометарите на Вардар од чии редови дури 5-мина обезбедија место во Ол-стар тимот на Лигата на шампионите.

За најдобрите навивачите гласаа  цел месец  а најдобриот тим беше составен на предлог на тренерите и соработниците на ЕХФ

На голот на тимот на сезоната е Дејан Милосављев. Тимур Дибиров е на лево-крилната позиција а на десната Иван Чупиќ. Десен бек е Даинис Криштопанс додека тимот го предводи првиот стратег на црвено-црните Роберто Парондо.  Покрај вардаровите ѕвезди во тимот се уште и Микел Хансен, Хулен Агинагалде, Лудовик Фабрегас и Блаж Благотиншек.

Вардар утре во 18ч игра  во полуфиналето против првиот фаворит на турнирот Барселона додека претходно ќе играат Веспрем и Кјелце.

Црвено-црните да потсетиме го играат своето трето финале во серија и единствената титула ја освоија токму со победата против Барселона во полуфиналниот дуел и потоа против ПСЖ во финалето.

голман: Дејан Милосављев – Вардар
лево крило: Тимур Дибиров – Вардар
лев бек: Микел Хансен – ПСЖ
среден бек: Кентин Мае – Веспрем
десен бек: Даинис Криштопанс – Вардар
десно крило: Иван Чупиќ – Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде – Киелце
млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона
дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем
тренер: Роберто Парондо – Вардар
Фото: RK Vardar.mk