Ракомет
29. јуни 2018 - 16:34

ЛШ: Црвено-црните во група со Монпеље и Барселона

Македонскиот ракометен првак Вардар доби силна група во следното издание во Лигата на шампионите во која ќе играат против актуелниот европски првак Монпеље, најуспешниот тим во Европа Барселона потоа Веспрем, Рајн Некар, Кристијанштад и Мешков Брест. Новата сезона во ЛШ ќе стартува во периодот од 12-16 септември.