-->
-->
ЛШ: Барселона тешко до победата против Вардар
-->
Ракометарите на Вардар го запишаа вториот пораз во Лигата на шампионите. Синоќа во „Блауграна“ Барселона со 31:30 го совлада Вардар кој се покажа како многу сериозен противник и докажа дека оваа сезона има квалитет за највисок пласман во елитното натпреварување.
Домаќините почнаа силно и веќе во 6.минута поведоа со 5:1. Тренерот на Вардар Раул Гонзалес побара тајм-аут по што следуваше подобра игра на „црвено-црните“ и доближување на минус еден (8:7) во 13.минута. Каталонците уште една стигнаа до четири голви предност (13:9) за на полувреме да се отиде со 16:13.
Вторите 30 минути македонскиот првак ги почна со серија од 4:0 дојде до првото водство 17:16. Следуваше период на изедначена игра со наизменичи реализации. Така беше до 50.минута кога каталонскиот тим ја врати предноста од полувремето (25:22). Вардарци не се предаваа и во 56.минута намалија на 28:27,но не успеаја да направат пресврт.
Најефикасен во составот на Вардар беше Сергеј Горбок со девет голови. Кај Барселона се истакна Жалуз со 13. Кирил Лазаров само еднаш од осум обиди се запиша во листата на стрелците.
По оваа рунда Барселона се искачи на првото место на табелата во Б-групата со 11 бодови, Вардар падна на второто место со 10.
Овие две екипи по седум дена ќе играат во Скопје. На вториот натпревар од групата ПИК Сегед го победи Кристијанштад 35:28.
Денеска играат Монпеље - РНЛ и Колдинг - Киелце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација