Фудбал
23. February 2016 - 23:20

ЛШ: Барселона славeше во Лондон

Во Лигата на шампионите вечерва се одиграа два дуела. Во Лондон Барселона го победи Арсенал со 2:0, а стрелец на двата гола беше Лионел Меси 71.минута и 83.минута од пенал.

На вториот дуел во Торино Јувентус успеа да се спаси од пораз во дуелот со Баерн. Гостите поведоа со головите Милер во 43.минута и со Робен 55.минута, додека Јувентус изедначи преку Дибала во 63.минута и Стураро во 76.минута.
Утре се играат дуелите: Динамо Киев - Манчестер Сити и ПСВ - Атлетико Мадрид.