Loading Video...
Фудбал
2. May 2018 - 9:53

ЛШ: Баерн одличен, Реал во финале

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе го играат 16. финале во Лигата на шампионите откако во реваншот на Сантјаго Бернабе одиграа 2-2 во дуелот со Баерн Минхен. 

Како клучна за успехот на кралевите се покажа победата од Минхен од 2-1. 
Гостите потврдија дека се очекува неизвесен меч уште во третата минута кога Џошуа Кимих донесе водство за баварците. 
Сепак херој на шпанскиот тим беше Бензема кој за 10-тина минути израмни на 1-1 а на почетокот на вториот дел обезбеди и водство за својот тим од 2-1. 
Баерн не се предаде, креираше шанси, притискаше и успеа да израмни со погодокот на Хамез Родригез. 
До крајот иницијатива на Баерн но без завршница па на крајот фудбалерите на Реал заслужено се радуваа на ново финале во кое ќе ја бранат титулата против најверојатно Ливерпул кој вечерва ќе брани огромна преддност во Рим.