Фудбал
13. April 2018 - 14:19

ЛШ: Баерн или Реал во финалето

Голама шанса за Ливерпул или Рома да заиграат во финалето откако амбасадорт на Лигата на шампионите Андриј Шевченко ги извлече во полуфиналето Реал и Баерн Минхен за кои многумина посакуваа да се сретнат во големото финале. Ливерпул, Реал и Баерн имаат вкупно 22 трофеи во најелитното натпреварување а најуспешен е Реал со 12 трофеи.

 Екипата од „Сантијаго Бернабеу“ е прва што го одбранила трофејот во новиот формат на Лигата на шампионите.Интересно е што Реал и Баерн играа и лани полуфинале а Шпанците славеа со вкупни 6-2. Овие ривали досега имаат одиграно 24 натпревари, два од нив завршиле нерешено, а тимовите имаат по 11 победи.

Ливерпул и Рома низ историјата се сретнале петпати. „Црвените“ се поуспешни со две победи, Рома славела еднаш, а две средби завршиле нерешено.

Полуфиналните пресметки се играат на 24/25 април, а реваните на 1/2 мај. Финалниот меч се игра на Олимпискиот стадион во Киев, Украина на 26 мај.