Фудбал
1. October 2015 - 8:59

ЛШ: Атлетико „дозволи“ пресврт за Бенфика

Фаворитите запишаа сигурни победи во натпреварите од второто коло во А-Д половината во Лигата на шампионите. Единственото изненадување го направи Бенфика со победата во Мадрид над Атлетико.Атлетико прв постигна гол против Бенфика, преку Кореа, потоа Џексон Мартинез не реализираше две чисти шанси и Бенфика израмни преку Гаитан. Во вториот дел Гуедеш стигна до водство од 1:2. До крајот Атлетико имаше неколку добри шанси, но Жулио Цезар потсети на времето кога бранеше во Интер и со две одлични одбрани ја сочув победата на својот тим. Атлетико го забележа првиот пораз на домашен терен во европските купови уште од 2009 година.

 
Група Ц:
 
Атлетико Мадрид-Бенфика 1:2
 
(Кореа 23’-Гаитан 38’, Гуедеш 51’)
 
Астана-Галатасарај 2:2
 
( Хакан Балта аг 79’, Кањас 89’-Киса 31’, Ериќ аг 85’)
 
Табела: Бенфика 6, Атлетико 3, Астана 1, Галатасарај 1