Ракомет
15. March 2016 - 19:58

ЛШ 1/8 финале: Вардар утре и гостува на Висла

Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Плоцк каде утре го играат првото осминафинале од Лигата на шампионите.

Гостувањето кај Висла не им е во пријатно сеќавање бидејќи лани во истата фаза Вардарци на првиот дуел загубија со 32:26.

Избраниците на тренерот Раул Гонзалез сепак во реваншот се изборија за четвртфиналето. Лекцијата од лани е најверојатно добро научена,  па Вардар ќе се обиде уште во првиот натпревар да дојде до поповолен резултат.

Вардар сезонава постигна 9 победи, висла само три со два нерешени резултат, но полскиот тим во последното коло го совлада Киелце на домашен терен.

Дуелот во „Орлен Арена“ почнува во 18:30 часот.