Бизнис
24. August 2019 - 16:47

Лозарите од Тиквешијата најавуваат бојкот на откупот поради незадоволство од односот на винариите

Ако не добијат повисоки цени, лозарите ќе го бојкотираат откупот на грозјето.

На синоќешниот протест во Кавадарци лозарите одлучија на винариите да им остават рок до вторник да ги зголемат откупните цени, во спротивно нема да го предадат родот.

Од Здружението “Напредни лозари” бараат откупната цена на грозјето да не е пониска од производната, што за сортите смедеревка и вранец изнесува 16, односно 18 денари.

Бараат и 20% аванс пред откупот, како и 3 денари дополнителна субвенција по килограм грозје предадено во домашна винарија.

Лозарите апелираат до Владата и сите надлежни институции да најдат средства и да ја покријат бараната откупна цена на грозјето, а парите на лозарите да им се исплатат најдоцна еден месец по завршетокот на бербата, заедно со исплатата на откупеното грозје.

Од Министерството за земјоделие велат дека ќе откако ќе заврши бербата ќе направат анализи и доколку е потребно, секако дека ќе интервенираат во врска со откупните цени на грозјето. Во меѓувреме ќе бидат во постојана комуникација со засегнатите, велат од Министерството за земјоделство.