Бизнис
17. May 2016 - 20:11

Лозарите очекуваат поголем и поквалитетен род на грозјето годинава

Винариите се оптимисти за очекуваниот род винско грозје годинава. Иако е рано да се прогнозира а сегашните температури се пониски од очекуваното, тие се надеваат дека визбите и оваа година ќе бидат полни како лани.

Според лозарите клучен фактор се временските услови пред и за време на бербата. Ако се погодни тогаш и квалитетот ќе биде на повисоко ниво во однос на ланската реколта.

Вчера од Министерството за земјоделство соопштија дека винариите до законскиот рок  исплатиле околу 93 отсто од сумата што ја должат на лозарите. Само две винарски визби не си ја исполниле обврската, поради што следува нивно бришење од Регистарот и забрана за откуп во следната сезона.