Бизнис
31. January 2019 - 19:23

Лозарите најавуваат штрајк ако не им бидат исплатени парите за грозјето

Лозарите си ги бараат парите од неисплатеното грозје за три години од винариите Повардарие и Стефанс. Велат дека досега многу пати им било ветувано, но парите не ги добиле. Тие денеска се сретнаа со првиот опозиционер.

Опозицијата ќе го поддржи евентуалниот штрајк на лозарите.

Министерот Николовски, пак, вели решение се бара. Тим од Министерството е во постојан контакт со сите засегнати страни.

Двете винарии го немаат исплатено грозјето од 2013, 14 и 15 година.