Бизнис
13. July 2016 - 20:22

Лозарите ќе ги блокираат патиштата во Неготино и Кавадарци, ако не ги добијат парите за ланското грозје

Лозарите кои уште не зеле пари од ланското предадено грозје најавуваат протести.

Двете винарски визби Повардарие и Гарланд Агрофуд сеуште ги немаат исплатено, иако се ближи бербата на годинашнава реколта.  

Како што посочува лидерот на лозарите Аризанов од винарската визба Повардарие добиле ветување дека ќе ги исплатат но долгот сеуште стои.

Од Министерството за земјоделство велат дека тие ги превземаат сите неопходни мерки што се во нивна надлежност. Двете винарии се избришани од Регистарот на производители на вино и треба да платат казни затоа што не го испочитувале законскиот рок. Винарската визба Повардарие од Неготино досега има исплатено 84 % од долгот. За повторен упис освен што треба да го исплати долгот кон лозарите со пресметана камата, треба да плати и казна од речиси 53 000 евра што е 10 % од вредноста на неисплатеното грозје.

Винаријата Гарланд Агрофуд од Кавадарци досега има исплатено 33 %.Само казната што треба да ја плати е околу 166 000 евра.