Бизнис
14. February 2017 - 16:32

Лозарите ја започнаа сезоната со закројување на лозите

Со традиоционалното закројување на лозовите насади, почна лозарската сеозна.

Свети Трифун, заштитиникот на лозарите и градинарите го одбележаа и винарите и лазарите.

Си посакаа добар род, но и навремена исплата на договорената цена.

Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на празникот во Демир Капија. Од таму порача македонското вино почесто да го има на странските пазари.

Македонците полека но сигурно стануваат нација со добра винска култура. Квалитетните вински сорти се се позастапени на домашните плантажи, но останува проблемот со пласманот на македонското вино.

И натаму најголем дел во извоз оди како наливно.

Во земјава има 77 винарници кои најмногу извезуваат во Европа, кина, САД и Автсралија. Лани од извоз инкасирале 47 милиони евра.

Освен вино, макеоднските винарници обезбедуваат пласман из а други производи од грозје кои се барани на странските пазари.

Денешниот ден е значаен и за дечињата од училиштето за деца со посебни потреби иднина од Чаир кои во винаријата шато Сопот се пофалија со своите рачни изработки.

Сезоната почнува со страв дека поларните тепмератури од почетокот на годината ќе влијаат на квалитетот на родот. Министерот Цветков од туквешијата порача дека сите лозари ќе бидат обештетени.