Лозарите и винариите без договор за откупната цена на грозјето
Побаравме 16 денари за килограм „смедеревка” и денар повеќе за „кратошија”, винарите даваат пониски цени. Ова е епилогот од вчерашната средба помеѓу претставници на лозарите и неколку винарски визби, информираат од Здружението „Напредни лозари”.
-Претставниците на винариите останаа на нивните позиции кои беа однапред познати – ланските цени, но со изместени вредности по однос на границата на шеќерните единици под која нема да се откупува грозјето, што всушност значи и намалување на откупната цена на грозјето. На пример, ако лани вранецот се откупуваше по 13 денари за 19 шеќерни единици се до 16 денари за над 23 шеќерни единици, оваа година ќе се откупувал по 13 денари, но не за 19 туку за 21 шеќерна единица, што е автоматски помалку за скоро два денара по килограм. Слична е ситуацијата и со „смедеревката“, нагласија од Здружението.
Како што посочуваат од „Напредни Лозари“, апсолутно не се согласуваат со ваквата поразителна откупна политика на преработувачите на грозје и се подготвуваат барањата на лозаропроизводителите кои ги застапуваат да ги радикализираат и да ги искористат сите расположиви демократски средства за постигнување на бараната цена. За таа цел, велат, ги повикуваат лозарите да бидат подготвени за протести.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација