Македонија
28. August 2016 - 13:56

Ловочувар од охридско Врбјани повреден од ловна пушка

Во охридското село Врбјани вчера околу 19.00 часот К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал према Д.Р. (1963) од охридското село Врбјани, вработен како ловочувар во ловно друштво, при што го повредил во пределот на двете подколеници.

МВР денеска соопшти дека Д.Р. е префрлен во МЦ-Охрид за укажување лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид.