Ловечката пушка на Чаушеску продадена за 32.500 евра
Најдрагоценото огнено оружје на романскиот лидер Николае Чаушеску, ловечката пушка „Холанд и Холанд" е продадена на аукција во Букурешт за 32.500 евра.
Почетната цена била 12.000 евра, а крајната понуда на наддавањето дошла од онлајн клиент.
Пушката што му припаѓала и на романскиот крал Карол е направена 1933 година и е украсена со злато.
По укинувањето на монархијата на крајот на Втората светска војна, новата власт ја конфискувала кралската пушка. По неколку децении, таа му припаднала на Чаушеску, чие име и се наоѓа изгравирано на неа.
Чаушеску последен пат бил на лов во декември 1989., две недели пред тој и неговата сопруга Елена да бидат осудени на смрт (а потоа и погубени).
Официјално, нему му се припишуваат 400 ловечки трофеи, но многумина веруваат дека животните всушност биле убиени од неговите придружници и дека тој бил лош стрелец.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората