Македонија
18. April 2021 - 10:06

Ловечката Федерација на Македонија одбележува 75 години од основањето

Ловечката Федерација на Македонија денес прославува голем јубилеј на Македонското ловство,75 години од основањето.

-Денес,со гордост и достоинство, доследни на нашите предци-ловци, кои на 18 април 1946 година ставиле темел на Македонското ловство, славиме 75 години организиран лов. Од тогаш, па се до денес, желбата на ловците секогаш била  подем на ловството. Покрај сите проблеми со кои денес се соочуваме, нема да ја исполниме желбата на поединци за слаба Ловечка Федерација, туку напротив, имаме силен мотив, желба, искуство, знаење и капацитети заеднички да се бориме за силна Ловечка Федерација која ќе се бори за интересите на ловците, се наведува во соопштението на Федерацијата.

Нивна основна цел, уверуваат од Ловечката федерација, ќе биде заштита на природата, природните ресурси и заштита на дивечот, што е услов за богати ловишта.

-Нашата соработка со Државните органи ќе продолжи и понатаму на високо ниво како и соработка на Меѓународен план со Светската организација CIC и со сите ловечки Сојузи и Асоцијации. Нашата борба со криволовците ќе биде безкомпромисна. За кратко време издејствувавме нов „Закон за дивечот и ловството” кој е во постапка за донесување ,а отпочнуваме и со измени и дополнување на „Законот за оружје”, информираат од Ловечката федерација,

За октомври оваа година најавуваат изложба со евиденција на сите ловечки трофеи како и изработка на Монографија 75 години Ловечка Федерација на Македонија.