Македонија
29. November 2021 - 16:32

Ловџија тешко ранет од друг ловџија

Ловџија со ловечка пушка ранил друг ловџија.

- На 28.11.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од с.Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.