Македонија
3. December 2020 - 16:19

Ловџија тешко ранет од друг ловџија

На 02.12.2020 во 10.17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен Ј.К.(35) од с.Канино, битолско.

Полициски службеници извршиле разговор со Д.С.(36) од с. Бистрица и Р.Ј.(55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на с.Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.