Македонија
30. March 2016 - 13:02

Ловџија пукал по дивеч, а погодил човек

Полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против Д.М. (52) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“.

На 06.01.2016 година, пријавениот додека бил на лов со Д.Д., З.Б. и П.С.,  испукал еден истрел кон дивеч, но поради лошите временски услови не го забележал и во пределот на нозете го погодил П.С., нанесувајќи му тешки телесни повреди.