Македонија
1. January 2018 - 15:37

Ловџија од Берово мислеќи дека пука во дивеч повредил соселанец

Ловџија од беровското село Будинарци вчера околу 12 часот во атарот на селото, кај  месноста викана „Лесови ливади“, повредил соселанец, мислеќи дека пука во дивеч.

Како што информира МВР, додека И.П. (1981) од село Будинарци, бил на лов, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.

Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (1954) од село Будинарци, кој во моментот собирал плодови. С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.

Повредениот бил пренесен во Здравствен  дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Клинички центар Штип и е надвор од животна опасност.