„Ловци на вештерки" прикажан на филмскиот фестивал во Злин
Играниот филм „Ловци на вештерки", македонско-српска копродукција во режија на Рашко Миљковиќ, по светската премиера во Торонто, минатата недела имаше и европска премиера во официјалната програма на филмскиот фестивал во чешкиот град Злин, кој е меѓу најстарите фестивали за детски содржини.
- „Ловци на вештерки” (англ. The Witch Hunters) е приказна за вистинско другарство на две деца. Јован е момче од десет години, роден со делумна церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација тој бега во светот на фантазијата во која, неспречен од физичката попреченост, слободен е да направи се и да биде оној кој сака, еден вид суперхерој, соопшти „Дрим фактори“ - македонскиот продуцент на филмот.
Копродукциски партнер од Србија е „Акција продукција“. Сценариото го напишаа Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ. Играат младите Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф Ирена Атанасовска.
Децата-актери Михајло Милавиќ и Силма Махмут на фестивалот во Торонто ја освоија наградата за најдобри актери „Best children performance“.
- Фестивалот во Злин има посетеност од над 125 000 гледачи, што го прави еден од најпрестижните и најинтересните во таа сфера, соопшти „Дрим фактори“.
Филмот е финансиски поддржан од Филмскиот центар на Србија, Медиа програмата на „Креативна Европа“, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Србија, Град Белград.
Ново на Сител
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија