Бизарно но вистинито
27. December 2016 - 17:07

Лошо ја измерил должината на јажето: Татко скокнал од смртоносно банџи!

Вознемирувачкото видео го прикажува ужасниот момент кога 36-годишниот Фабио де Мораеш скокнал во смрт. Наводно погрешно ја измерил должината на јажето...

Фабио де Мораеш (36) загинал при скокање со банџи во Бразил. Вознемирувачкото видео покажува како несреќниот маж удира со главата на земја, откако банџи скокот тргнал на лошо, пренесува Daily Mail.

Мораеш пробал да скокне од 40 метри високиот мост во Сао Пауло, додека го гледале неговиот брат, жена и шестгодишен син, но лошо ја измерил должината на јажето. Го однеле во болница, но им подлегнал на повредите.

Локалните медиуми наведуваат и дека Мораеш размислувал за да скокне со синот, но за среќа отстапил од таа намера. Полицијата ја запленила опремата и покренала истрага.