Loading Video...
Спорт плус
23. July 2019 - 15:23

Лоши настапи на македонските пливачи на СП во Гванжу

Во квалификациите трки на Светското првенство во Гванжу, денеска својот прв настап го имаа двајцата наши претставници во машка конкуренција. 
 
Филип Деркоски денеска настапи во квалификациите на 800 метри слободно, Тој оваа делница ја исплива за 8 минути 35 секунди и 54 стотинки и заврши како последен 38-ми. 
 
Неговото време беше за речиси 50 секунди (49.84.секунди) послабо од најдобриот резултат во квалификациите што го исплива Италијанецот, Џорџио Палтринери 
 
Деркоси со тоа го заврши својот настап на Мундијалот на кој пливаше и на 400 метри слободно поставувајќи личен рекорд, но притоа освојувајќи го 45-тото претпоследно место 
 
Нашиот втор претставник Давор Петровски денеска настапи во дисциплината 200.метри делфин делница која ја исплива во време од 2:06.33.минути што беше за  12.14.секунди побавно од најдобриот резултат во квалификациите. 
 
Со ова време Давор заврши на 44.место во конкуренција на 47 пливачи колку ја завршија трката.
 
Тој утре ќе го има својот втор, воедно и последен настап на првенството, кога ќе се појави во квалификациите на 200 метри мешано.