Македонија
13. December 2022 - 16:36

Лошата слика за обвинителите препишана на лошата транспарентност

Признаваат дека има слабост во борбата со корупцијата, но вината ја префрлаат на други.. По критиките на меѓународниот фактор, дел од институциите во правосудниот сектор, лошата слика ја припишуваат на недоволната транспратентост.. Обвинителството работело на коруптивни предмети, ама за тоа ретко ја информирала јавноста..

Присутна е борбата против корупцијата, ама за тоа недоволно е информирана јавноста.. Ова за дел од правосудните институции е причина што државата добила силни критики од меѓународната заедница за потфрлање во борбата со корупцијата..

„Проблемот е колку од нив јавноста ги дознала и колку треба обвинителството да се отвори во делот на транспарентноста за да објасни во кои предмети и каде учествувало. Сметам дека ќе треба и обвинителството да поработи на транспраентноста за да се запознае јавноста дека и порано се работело на такви предмети“, изјави Антонио Јолевски, Прет на Совет на јавни обвинители.

Откривањето корумпирани судии, според судскиот совет зависи од граѓаните.. Имало такви пријави, ама недостасувале докази дека некој судија е корумпиран.. Од советот велат немаат надлежност да интервенираат кај судења кои траат со години, ама тешко се утврдувало и дали судиите се ажурни во работата..

„Тоа е долг процес. За да се констатира дали одреден судија постапува ажурно сепак треба одреднео време, бидејќи треба да се изготви извештај, да се констатира најпривн состојбата, да се изготви извештај, тој да помине на седница“, изјави Весна Дамева, Претседател на Судски совет.

Граѓанските организации пак кои изминатите четири години го следат спроведувањето на стратегијата за реформа на правосудниот систем, сметаат дека токму долгите судења ја намалиле довербата на граѓаните.. Порачаа да прекине праксата на префрлање вина за одговорност меѓу институциите..

„Ниту една институција не сака да превземе одговорност и што проблемите за корупција секогаш ги гледа како екстерни фактори кои доаѓаат од надвор и неминовно влијаат врз нив. Треба институциите да бидат многу повеќе самокритични и да пробаат да го средат она што е во нивниот домен“, изјави Дарко Аврамовски, Извршен директор на Коалиција Сите за правично судење.

Ние немаме доволно бројки на високо профилирани случаи против корупцијата, честопати затајуваат во процесите во должината и чувме дека оваа пракса треба да се промени“, изјави д-р Симонида Кацарска, Директор на Институт за европска политика.

Лавината реакции за лошата борба со курпцијата почна со изборот на Абази.. Реагираа амбасадите на САД; ЕУ, Велика Британија..