Македонија
25. November 2021 - 21:21

Лошата патна сигнализација, како причина на несреќата предупредува на слична состојба со патиштата и во Македонија

Низа недостатоци на делницата по која се движел македонскиот автобус открија бугарски сообраќајни експерти. Во исто возило во ноќни услови го минале патот до местото на несреќата, па заклучуваат дека имало несоодветна сигнализација.

Дел од автопатот Струма како небезбеден патен правец, го посочува и Институтот за патна безбедност на Бугарија.. Во последните три години на тој реон имало 10 несреќи. За лошата состојба на патиштата ги обвинуваат државните власти, за кои велат, бегале од одговорност.

Една од причините за несреќата, патната сигнализација и инфраструктурата предупредуваат на лоши и ризични патишта и во земјава. Сообраќајниот експерт Зоран Јошевски ги посочува Скопје – Блаце, Битола – Ресен, Кичево – Гостивар.. Вели, состојбата на македонските патишта е далеку од стандардите кои ги применуваат западно-европските земји.

Како ризици, Јошевски ги посочува уште острите кривини, сообраќајниците со три коловозни ленти, а како што вели, ризик претставуваат и патиштата по кои се одвива секаков вид на сообраќај..

За зголемување на безбедноста, Јошевски апелира дека е неопходно обновување на сообраќајните знаци, хоризонталнта сигнализација и заштитните огради..