Лоша вест за возачите: Големо покачување на цената на горивата во Македонија
Иранските власти соопштија дека не гледаат смисла во ограничување на производството на нафта и немаат намера да се приклучуваат на соодветнaта спогодба склучена во вторникот во Доха меѓу Русија и три земји од ОПЕК, пренесе BBC.
Според зборовите на претставниците на иранските власти одговорни за интеракцијата помеѓу Иран и ОПЕК, многу земји го зголемувале производството на нафта во времето кога Техеран бил под санкции.
Сега, кога овие санкции се симнати, Иран, исто така има намера да го зголемува производството на нафта.
Сепак, најавата дека 4 земји на ОПЕК ќе го замрзнат производството ја покачи цената на нафтата. Вчера барел сурова нафта на американскиот пазар се продаваше за 31,53 долари или скоро 1 долар поскапо од претходниот ден.
На берзата во Лондон од каде што и Македонија го набавува енергенсот по информацијата за замрзнување на производството цената се покачи од 33,9 на 35,55 долари за еден барел што е најголем скок во последните неколку месеци.
Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од минатата недела изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.
Во моментов, цената на суровата нафта е за скоро 3,5 долари повисока од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 55,41 денари.
До следната корекција на цената има помалку од една недела во која може да има позначителни движењa, особено ако се има предвид дека Иран се врати на нафтениот пазар и нема намера да го замрзне производството за да се делува на покачување на цената.
Но доколку цените останат на ова ниво, во понеделник за очекување е значително поскапување на нафтените деривати во Македонија. Во таква ситуација нагорна корекција меѓу еден и три денари по литар не би требало да биде изненадување.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји
-
Екипи на ДПИ на терен, мониторинг на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“
-
Обвинителството оформи предмет за лицата ставени на „црната листа" на САД
-
Привршува истрагата за Онкологија, вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти