-->
-->
Лоша вест од УХМР за викендов
-->
Денес во западните делови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат и поинтензивни, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужната половина од земјава, каде локално повторно има услови процесите да бидат поинтензивни. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота.
Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.
Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација