Македонија
9. јуни 2020 - 16:58

Лоша е состојбата со хигиената и придржување кон мерките во битолската населба Баир

Ромското население кое живее во населбата над обиколницата над Битола велат дека се во многу тешка состојба и дека не може секој да си дозволи да купи заштитни маски за да се заштитат од Ковид-19.

-Многу во тешка состојба сме, нас не ни дадоа маски. Оваа маска што ќе држи со крпа. Тешко се снаоѓаме, овде е најлошото, пак чудесија што не фаќаме болест. Како ќе купиме, од каде пари, шуќур шо не чува Господ.

-Долго време 3 месеци немам ни на работа ни на ништо, земам социјална помош, што ќе купам со тие 8000 денари. Никој не носи маска, тој што ќе има пари ќе купи маска, тој што нема, нема. Тоа што имаме 50-60- ден, ќе купиме, да влезиш во маркет, да пазариш, велат жителите на оваа населба.

Но, велат дека за нив најголемиот проблем е што немаат доволно притисок на водата, а со тоа не можело да има и хигиена за да се заштитат од болести.

-Нема хигиена, нема вода да ги миеме тоалетите, треба хигиена да се заштитиме, тоа бараме, да се постави вода, да има притисок, за да се мијат тоалетите. Кај мене нема, кај комшиите полнам.

Од ЈП Водовод велат дека имаат голем број пријави за недоволно притисок во овој дел од  градот.

-Дел се во урбан, дел се вон урбаниот дел, каде што водоводната мрежа е пуштена од социјален аспект, а нема изработени проект и не може да се гарантира притисок на тој дел. Најгорните делови каде живее ромското насление и каде се диво населени, славините се оставени постојано да течат. На овој дел има поставено и 3 социјални чешми каде што граѓаните тераб да си обавуваат хигиената, потребата за вода, но и тие чешми, дел се уништени, вели Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Тој напоменува дека канализациона и водоводна мрежа може да се проширува само во урбанизиран дел од градот.