Бизнис
8. March 2019 - 19:39

Лош старт на годинава за Mакедонската берза, прометот преполовен

Лош старт на годината за Македонска берза. На месечно ниво прометот во јануари се намалил за 24%, а во февруари за речиси 40%. Односно, ако во декември вкупната вредност на берзанското тргување изнесувала околу 10,5 милиони евра, во февруари изнесува само 4,9 милиони евра.

Инаку, годинава лошо почна и за извозно-ориентираните компании. Пласманот на производи во странство во јануари се намалил за 1,9% споредено со истиот месец лани, но во однос на декември 2018, падот изнесува 13,8%.

Според министерот за финансии, се работи за сезонска флуктуација.

За само три месеци речиси е преполовен извозот од земјава во Косово. Тоа покажува дека македонските извозници немаат ќар од 100% царини што Приштина ги воведе за увоз на српски производи во ноември минатата година.