Балкан
16. November 2019 - 15:28

Лоренцо Д’Адарио: Безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна

Командантот на КФОР, Лоренцо Д’Адарио, рече дека безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна.

Сепак, потенцијална закана за безбедноста и стабилноста се политичките околности и нерешени прашања во регионот, особено односот меѓу Косово и Србија, рече италијанскиот генерал.

„Затоа мисијата на НАТО во Косово – КФОР, „веќе во својот мандат создава околности што ќе овозможат политички процес меѓу Косово и Србија, дијалог што треба да стави крај на отвореното прашање на односите меѓу двете земји“, изјави за Коха диторе,Д’Адарио чиј мандат истекува овој месец.

Тој додаде дека дијалогот меѓу Косово и Србија е многу важен, бидејќи ќе „деблокира многу ситуации“ и ќе обезбеди Косово да може да добие „многу придобивки“ како член на меѓународната заедница.