Loading Video...
Фудбал
4. January 2018 - 14:33

Лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи заврши без победник

 
 
Лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи со кое беше комплетирано 22.коло во Премиер лигата заврши со четири постигнати голови, но без победник 2-2. 
 
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел. 
 
Џек Вилшер во 63.минута им донесе предност на „топџиите“, која само четири минути подоцна (67) ја анулира Еден Азар со голот од пенал. 
 
Во финишот на мечот беа постигнати уште два гола. 
 
Во 84.минута Маркос Алонсо  прави пресврт за водство на Челзи од 1-2, но во втората минута од судиското дополнение (90+2) Хектор Белерин ги постави конечните 2-2.