Лондончанец осуден за планирање напади со нож
Лондончанецот Надир Сајед (22) е осуден од Суд во Лондон за планирање терористички напади со нож низ улиците на британскиот главен град.
Сајед, кој поаснал и живее во западен Лондон, признал дека за нападите бил инспириран и потикнат од џихадистите од групата Исламска држава (ИД).
Британските безбедносни власти го уапсиле во ноември минатата година непосредно пред традиционалното одбележување на Денот за паметење, кој се поврзува со годишнината од завршувањето на Првата светска војна и се состои од одавање почит на загинатите војници во сите војни во кои учествувала британската армија.
Сајед тие денови набавил голем месарски нож, по што британското разузнавање и полицијата, кои го следеле, веднаш го уапсиле, стравувајќи дека би можел да ги изврши првите напади токму во тоа време.
Според неговото признание, ножот го наваил за да може „да одговори на повикот на ИД“ до симпатизерите на групата на британска територија да почнат со напади врз „цели на Западот“, а пред се врз полицајци и војници.
Во текот на судењето, Обвинителството тврдеше дека Сајед „се воодушевувал“ од бруталното убиство британскиот војник Ли Ригби од страна на двајца терористи. Ригби беше убиен со месарски сатар на среде улица во Лондон.
Минатата година Сајед се обидел да се префрли во Сирија за да се бори заедно со џихадистите, но бил спречен во таа намера. Британското контраразузнавање МИ5 од тогаш почнало да го контролира секој негов чекор.
Поротата во процесот против Надир Сајед не успеа да доднесе пресуда ни против двајцата негови соработници, па судот најави ново судење.
Висината на казната за осудениот Сајед ќе биде подоцна соопштена.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите