Свет
20. December 2017 - 13:40

Лондон ќе добие преоден период по Брегзит до 31 декември 2020 година

Европската комисија денеска ги усвои насоките на Европскиот совет за продолжување на преговорите по излезот на Велика Британија од ЕУ.

Главниот европски преговарач Мишел Барние соопшти дека се предвидува договарање на преоден период, кој ќе заврши на 31 декември 2020 година. Дотогаш, Велика Британија ќе мора да го спроведува законодавството на ЕУ без да учествува во негово донесување.

Мишел Барние

Барние истакна дека според насоките на Европскиот совет, ЕУ е отворенa идните односи со Лондон, освен трговијата и економијата, да опфаќаат и борба против тероризмот и меѓународниот криминал, како и безбедност, одбрана и надворешна политика.

Тој нагласи дека поголем дел од идните договори ќе бидат предмет на ратификација од страна на националните парламенти во ЕУ. Според него, економијата ќе биде „само поглавје“ во идниот договор.

Мишел Барние

Главниот европски преговарач не ја отфрли можноста Велика Британија да преговара за билатералните договори и во преодниот период.

Барние изрази очекување дека разговорите за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ ќе започнат по Брегзитот на крајот од март следната година.