Свет
2. January 2018 - 14:13

Лондон: Голем пожар во сафари парк, загинаа 13 мајмуни

Во „Вобурн сафари парк“, што се наоѓа на 80 километри од Лондон, утрово изби силен пожар, при што загинаа 13 мајмуни.

Пожарот ги зафатил куќичките каде биле сместени мајмуните, пожарникарите се обиделе да го изгаснат огнот, но не ги спасиле животните.

Останатите животни не се повредени. Се уште не е утврдена причината за пожарот.