Свет
2. April 2018 - 8:33

Лондон го претекна Њујорк по бројот на убиства

ондон годинава го претекна Њујорк по број на убиства, што е првпат во модерната историја, пишува „Сандеј тајмс“.

Според статистичките податоци, во февруари и март годинава, во Лондон се убиени 37 лица, а во Њујорк 35.

Како што јави Би-Би-Си, од почетокот на годинава, 46 лица во Лондон биле избодени до смрт, во нив било пукано или се повредени, додека во Њујорк регистрирани се 50 такви случаи.

Во исто време, додека од јануари стапката на убиства во Њујорк се намалува, во Лондон расте.

Од 46 убиства во 2018 година, кои ги истражувала Метрополитен полицијата, 31 биле извршени со нож.