Лондон го испитува јавното мислење во Северна Ирска за Брегзит
Британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир престојува во Белфаст во, како што е соопштено, „двонеделно испитување на ситуацијата“ во оваа британска покраина на ирскиот остров, по одлуката на Британците, Велика Британија да ја напушти ЕУ.
До крајот на август, Брокеншир ќе има бројни средби со претставници на локалниот бизнис, на политичките партии и лидерите на верските и етничките заедници.
Во Лондон, долгиот престој на еден министер во Северна Ирска, се објаснува со намерата на британската влада да го „слушне ставот“ во покраината пред започнувањето на преговороте со Брисел, околу раздружувањето на Британија и ЕУ.
- Велика Британија е земја со светла иднина, а Северна Ирска е важен дел од тоа, изјави министерот Брокеншир по пристигнувањето во Белфаст.
Изгласувањето Брегзит ги подели Северноирците и двете најголеми партии што ја сочинуваат заедничаката влада во покраината.
Демократската унионистичка партија (ДУП) на лојалистите се определи за напуштање на ЕУ, додека Шин Феин на републиканците, католици за останување на земјата во Унијата.
Оваа се-ирска партија предупреди на можноста од враќање на „сивите години„ во покраината исполнети со насилство, инсистирајќи дека нема да се дозволи одново да се постави граница меѓу Северот и Југот на островот
Незадоволство од исходот на референдумот изрази и владата на Република Ирска, во Даблин која ја доведе во прашање иднината на мировната спогодба од Велики петок, во април 1998 година.
Минатиот месец, во Лондон се одржа итна средба на новиот британски премиер Тереза Меј со ирскиот премиер Енда Кени, по која останаа резервите на официјален Даблин за одлуката за Брегзит и покрај уверувањето на Лондон дека владата има „практичен план„ за северноирскиот случај.
Премиерот Меј уверува дека нема да има враќање на мрачните времиња и на 30 годишните, северноирски „сиви години„ но Шин Феин порачуваат дека враќањето на гранична линија меѓу Северна Ирска и Републиката на југот, ќе значи покренување иницијатива за референдум за обединување на поделениот остров.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи