Македонија
16. September 2021 - 18:26

Локалното население стравува од пожарот на Јабланица

Пожарот на Јабланица стигна во непосредна близина на селата Вишни и Белица. Веќе три дена гори на планината, зафатена е шума на терен кој е непристапен. Граѓаните револтирани велат дека пожарот во текот на ноќта се спуштил до патот и претставува опасност за куќите. Тие бараат од надлежните посериозен пристап за состојбата да не излезе од контрола.

Од „Македонски шуми“ велат дека екипи се на терен состојбата е стабилна и нема опасност од ширење на пожарот.

Од противпожарна единица и „Македонски шуми“ посочија дека нема да се превземаат мерки за гаснење на пожарот од воздух и дека ќе продолжат да ја следат состојбата.