Македонија
23. January 2019 - 17:09

Локалните власти ќе бараат Лесново да се најде на листата на УНЕСКО

Штипскиот Универзитет потпиша договор со општините Пробиштип и Кратово за изработка на досие за номинација на Лесново со околината за прв геопарк во Македонија под заштита на УНЕСКО.  Во подготовка на документицата покрај тимовите на опшините се вклучени и експерти од МАНУ, УКИМ и УГД.

- Значи, еден тим кој е исклучително компетативен. Ние водевме сметка да не бидат вклучени само кадрите од УГД, туку се вметнати кадри од цела Македонија кои имаат знаење од овој регион, за да помогнат во развојот на оваа прва иницијатива, која треба да придонесе македонското гео наследство да влезе во плановите на УНЕСКО-изјави БЛАЖО БОЕВ, РЕКТОР НА УГР-ШТИП

Промоцијата на геоморфолошкото и културно-историското наследство во овој микро регион е од исклучителна важност и за локалната економија, пред се преку развој на геотуризмот.

- Лесново во поновата историја на општина Пробиштип е и најголемиот промотор за развојот на туризмот, но со геопаркот ќе можеме да си ги заќуваме вредностите кои што си ги имаме- изјави ДРАГАН АНАСТАСОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Во следниот, скоро едногодишен период, ќе бидат преземени и инфраструктурни зафати за просторот да заличи и функционира како геопарк. За оваа намена Швајцарската агенција за развој и соработка донира 200 000 швајцарски франци, а остатокот од средствата ги издвојуваат двете општини од своите буџети.