Македонија
12. September 2015 - 16:22

Локалниот и инфраструктурен развој значаен за подобрување на животниот стандард на граѓаните

Нови паркови, нова канализација, комплетно нов асфалт. Граѓаните задоволни од интензитетот со кој се гради во општина Аеродром.
Напредокот во реализацијата на проектите во оваа скопска општина вчера го провери и премиерот Груевски. Пред него и пред граѓаните, градоначлникот Коневски истакна дека во соработка со владата завршени се многу проекти, а уште голем број ќе се реализираат во иднина.

За граѓаните на овој дел на Скопје значајно е што најголемите инфраструктурни проекти се веќе завршени. Над 40 километри канализација, нов колектори и препумпна станица се дел од инвестициите во кои се вложени над 10 милиони евра. За наредната година, градоналникот најавува реконструкција и на оние улици кои до сега не беа опфатени

Граѓаните не го криеа своето задоволство активностите со кои се решаваат нивните проблеми

Посетите на терен за премиерот беа добра можност да се соочи и со проблемите на граѓаните. Дел од нив се пожалија дека во одредени реони на долно Лисиче имаат проблеми со притисокот на водата. Премиерот побара од екипите на Водовод веднаш да го решат проблемот

Груевски рече дека целта на овие посети е директно на терен владата да се запознае со проблемите на граѓаните.

Општина Аеродром не е единствената во Скопје во која интензивно се работи на проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

Премиерот Груевски ова лето секојдневно е на терен меѓу граѓаните. Во последните неколку месеци Груевски посети речиси четвртина од општините низ Македонија, а неговата теренска активност од владиниот кабинет најавуваат дека ќе продолжи и во иднина.