Локални поројни врнежи од дожд и наредните денови
До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови.
Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.
Изминатите 24 часа во Скопје наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Охрид седум, во Гевгелија шест, четири во Крушево и Куманово, три во Претор, два во Крива Паланка, и еден литар на метар квадратен во Лазарополе, Маврово, Пожаране, Струмица, Виница и Берово.
Како што информираат од УХМР денеска во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата