Свет
4. November 2017 - 13:38

Локални избори во Словачка

Околу 4,4 милиони словачки државјани се повикани денеска да излезат на гласачките места за да ги изберат локалните власти во осумте окрузи. Изборите се сметаат за проверка за влијанието на крајнодесничарските политички сили во земјата, јави ДПА.

Истовремено со гласањето за локалните совети, избирачите ќе го дадат гласаот и за новите регионални гувернери.

Избирачките места ќе останат отворени до 22 часот по локално време.

Се очекува социјалдемократите од партијата на премиерот Роберт Фицо да ја зајакнат својата позиција, но отворено расистичката и антисемитска „Народна партија - Наша Словачка" веројатно исто така ќе го зголеми своето влијание.