Македонија
17. August 2021 - 16:57

Локални избори со најмногу независни советнички листи - се разгорува битката за Скопје и скопските општини

Голем интерес за независни кандидатури за локалните избори во октомври. Граѓански потписи за поддршка на независни градоначалници и советнички листи согбхираат веќе 10тина инцијативи низ државата.  По само еден ден откако почна да тече рокот за собирање потписи од ДИК информираат дека веќе има и листа која ја добила потребната поддршка.

Денеска пак, најава за собирање на потписи на ниво на град Скопје стигна и од инцијативата „Зелен урбан град“. Како кандидат за градоначлник ја промовираа Ана Петровска, скоро разрешената директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

Токму кандидатурата на Петровска во јавноста се коментира како разгорување на битката за главниот град.

Независните инцијативи до 30 авгиуст ќе треба да ги собрат потписи и со тоа да ги објават кандидатите. Партиите пак, ќе имаат привилегија тоа да го направат до 11 септември иако најголемите партии веќе објавија голем дел од своите фаворити.