Македонија
25. February 2021 - 13:32

Локални избори ќе има на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, вели Џафери

Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Деведест дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

Во врска со барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, Џафери рече дека „еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа“.