Македонија
28. October 2015 - 16:39

Локалната самоуправа расправа за фискалната децентрализација и бегалската криза

Македонија е високо децентрализирана држава според сите европски параметри, финансискиот дел на општините се зголемува од година во година, една  од главните достигнувања е и електронската постапка за добивање градежни дозволи, а според најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ нашата земја е највисоко рангирана на регионот и 12 та во светот беше истакнато на консултативниот состанок меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија.

Една од темите е и бегалската криза каде Гевгелија е прва на удар дневно поминуваат од 2,5 до 6 илјади мигранти.

Инаку 12 тиот консултативен комитет на региони на кој присуствуваат претствниците од скоро 20 земји има за цел интензивирање на соработката на локалните власти од нашата земја со Европската Унија .