Живот
17. March 2019 - 21:14

Локалната банда моторџии ги изненади сите на Нов Зеланд: Со традиционален танц им оддадоа почит на жртвите на масакрот

Припадниците на позната новозеландска мотоциклистичка банда изведоа национален танц за да се простат од жртвите на масакрот во Крајстчрч.

Традиционалниот хака танц, кој го прослави локалниот рагби тим, го изведоа тетовирани гангстери пред Ал Нур и Линвуд џамијата во градот.

Претежно сочината од членови со маорско и полинезиско потекло - бандата е формирана во 70-тите години од минатиот век како пандан на белите расисти.

Еден водач на бандата, кој не сакаше да биде именуван, изјави вчера дека ќе му се спортивстават на расизмот и дека ќе застанат покрај муслиманите од Нов Зеланд по нападот во петокот, во кој загинаа 50 лица.

„Не постојат зборови со кои може да се искаже болката која луѓето ја чувствуваат“, рече тој пред џамијата Линвуд.

„Иако денес луѓето не нарекуваат банда, ние живееме во оваа заедница заедно и тоа сите не збра, не е важно како се облекувате или која е бојата на вашата кожа, или што застапувате, која е вашата религија“, вели тој.

„Ние го сакаме овој град и мислам дека е штета што ни е потребна катастрофа за да се соберат луѓето“

„Тој (екстремизам на белата моќ“ овде е присутен не со години, туку со децении. Секако почитувањето за луѓето кои не кријат кои се, но некои навистина добро се скриваат“, вели тој.