Македонија
4. August 2016 - 11:39

Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума кај Неготино

Локализирани се пожарите во општина Богданци и кај месноста викана Гоцева шума кај Неготино, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). 

Пожарот кој избувна вчера во општина Богданци е локализиран и е ставен под контрола. Опожарени се околу 12.000 метри квадратни-сува трева, стрништа и смрека.

Од 4 часот изутринава, во гаснењето на пожарот учествуваа тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе кои се предводени од директорот на ДСЗ Шабан Салиу. Во гаснењето учествуваат и 20 луѓе од просторните сили на општина Богданци, една медицинска екипа, 49 лица од „Македонски шуми“ и лица од ТППЕ Валандово, ТППЕ Струмица, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Дојран. Ангажираните лица остануваат на терен за да не дојде до негово повторно активирање.

Пожарот во Гоцева шума е локализиран, а на местото се вработените од ПОЗС Неготино, ПОЗС Кавадарци од ТППЕ Неготино и 30 лица од „Македонски шуми“.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари.