Македонија
1. September 2017 - 10:32

Локализирани пожарите кај Зајас и во Порече

Пожарот на територијата на општина Зајас помеѓу селото Зајас и селото Горно Строгомиште каде е опожарена 2 хектари борова шума е локализиран. Во гасењето на пожарот се ангажирани, вкупно 40 лицa од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ, АРМ, Македонски шуми и доброволци.

Пожар на територијата на општина Македонски Брод, кај местото викано Баба во атар на селото Слатина е локализиран и опожарена е површина со сува трева и ниско стеблеста шума. На терен се ангажирани 5 лица од Македонски шуми. Пожарот кај местото викано Видуш во атар на селото Девич и Локвица исто така на територијата на општина Македонси Брод, каде е опожарена површина со сува трева и нискостеблеста шума е локализиран.

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност.

Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени да во секој момент доколку има потреба ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.