Локализиран пожарот меѓу струшките села Делогожда и Поум
Големиот шумски пожар, кој избувна вчера попладне во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум, е локализиран и се работи на негово гаснење, информираат од Територијалната противпожарна единица во Струга.
Од утрово, како што соопшти Службата за информирање на Владата, пожарот ќе се гаси и од воздух со авиони, коишто синоќа не не можеле да полетаат поради стандардните процедури коишто не предвидуваат летање во ноќни услови.
Владата на Република Македонија, која на вчерашната седница ја разгледала ситуацијата со пожарот, констатирала дека за гаснење на пожарот се активирани противпожарни служби од Струга и од Охрид, и оти по потреба ќе биде активирана и службата од Кичево.
Исто така Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи бил задолжен да ја следи внимателно ситуацијата на теренот и доколку е потребно да се преземат дополнителни активности за заштита од пожарот.
Командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди вчера информираше дека на терен се излегло со три противпожарни возила, но оти немаат капацитет сами да го изгаснат огнот, кој брзо се ширел поради силниот ветер што дува во тој регион. Помош побарале и од охридските пожарникари и од Дирекцијата за заштита и спасување за активирање на авионите за гасење пожари.
Пожарот над селото Делогожда во струшката пожарна бил пријавен вчера околу 15 часот, а зафаќа борова шума и багрем.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка